Потпиша нов договор: Данецот Ханс Линдберг ќе ја заврши кариерата во Фуксе Берлин

Репрезентативецот на Данска кој минатото лето од Хамбург се пресели во Фуксе Берлин, Ханс Линдберг одлучи да ја продолжи верноста кон клубот и да го продолжи договорот до 2021 година. Линдберг веројатно и ќе ја заврши кариерата во тимот од Берлин со оглед на тоа што тогаш ќе има 40 години.

Тој е еден од играчите кои оставија голем белег на позицијата десно крило во последната деценија. Освои златни медали на Европските првенства во 2008 и 2012 година, а сребрен во 2014 година. На Мундијалите има две втори места и тоа во 2011 и 2013 година. Досега има 241 меч и 650 гола.

Играчката кариера на Линдберг почна во Хелсинге во 1999 година. Од 2005 до 2007 година играше во Виборг, а следните девет години ги мина во Хамбург, по што во 2016 година се пресели во Фуксе Берлин.