Потежок старт не можеше да има: Металург ја почнува сезоната на гости кај најголемиот фаворит

Ракометарите на Металург трета сезона по ред ќе бидат дел од конкуренцијата „Ц и Д“ во Лигата на шампионите, а сезонава со помалку повеќе изменет тим од ланскиот ќе се обидат да освојат едно од првите две места и да напредуваат во однос на претходните две сезони.

Францускиот Монпелје е најголем фаворит за првото место, но останатите екипи се ранг на Металург. Македонскиот вицепрвак новата кампања во ЛШ, ќе ја стартува токму од Франција, со гостување кај Монпелје, пред да следуваат два домашни дуели против Бешикташ и квалификант, па две врзани гостувања во Украина и Русија. Потоа следуваат возратните дуели, но со измешан редослед.

Распоред на натпревари, Лига на шампиони, група Д:

Монпелје – Металург, 13-17.09.2017,
Металург – Бешикташ, 20-24.09.2017,
Металург – квалификант, 27.09-01.10.2017,
Мотор Запорожје – Металург, 04-08.10.2017,
Чеховски Медведи – Металург, 11-15.10.2017
Металург – Чеховски Медведи, 01-05.11.2017
Металург – Монпелје, 08-12.11.2017
Бешикташ – Металург, 15-19.11.2017
Металург – Мотор Запорожје, 22-26.11.2017
квалификант – Металург, 29.11-03.12.2017