Потврда од Полска: Келце доби покана да игра во СЕХА

Шампионот на Полска и освојувач на Лигата на шампионите од 2016 година, Келце би можел следната година да се најде меѓу екипите кои играат во СЕХА лигата. Ова беше потврдено од страна на раководството на Келце откаде што велат дека добиле покана за учество во натпреварувањето кое станува сè посилно и дека тоа може да се случи уште следната сезона.

300x250

„Добивме покана од СЕХА и сериозно ја разгледавме. Има заинтересираност да играме во ова натпреварување и подготвени сме да разговараме. Денеска ќе имаме состанок во Келн и ќе видиме како ќе завршат. Се работи за добар проект кој ни одговара и останува само да се договориме“, коментира за полските медиуми извршниот директор на Келце, Берт Сервас.

Гледајќи ги примерите на повеќето екипи кои немаат конкуренција во својата земја, а со СЕХА лигата го одржуваат високото ниво на игра во Келце се решени да направат нешто за да можат да го држат континуитетот, па затоа сериозно размислуваат да влезат во лигата која во последните години редовно има свој тим на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.

Засега како проблем за Келце постои домашното првенство. Ракометната федерација на Полска нема лесно да се откаже од играта на Келце во лигата бидејќи без овој тим и евентуално Висла Плоцк натпреварувањето губи на квалитет, а тоа засега не им се допаѓа. Затоа доколку Келце се реши да игра во СЕХА ќе има уште потреба од убедување за да може да го издржи силниот ритам на натпревари.