Потврда на најавите од Кил: Гисласон го чека Јиха за помошник

Ракометарот од Чешка, кој се повлече од терените пред извесно време, Филип Јиха е на пат да се врати во редовите на Кил каде би требало да биде помошник на Алфред Гисласон.

Јиха веднаш после објавувањето на играчката пензија стана интересен за медиумите, но и за клубот во кој мина голем дел од својата кариера. Тој веќе посетува курсеви за тренер со цел да дојде до потребната лиценца и веќе е пред договор со „зебрите“.

Гисласон кој има договор со клубот до летото во 2019 година изјави дека го очекува Јиха веќе ова лето да се приклучи во стручниот штаб на Кил и да почне со својата тренерска кариера. Веројатно една година ќе биде асистент на Гисласон, а потоа ќе добие шанса да работи како прв тренер.

За Јиха ова ќе биде нов момент во неговата кариера, но сосема очекуван после завршувањето на играчката кариера. Инаку, ова беше веќе најавено, па сега само се добива потврда.