Потврда и од ЕХФ: Пролет во октомври двапати гостин кај Карвина за помалку од 24 часа

Екипата на Пролет одлучи двете средби против тимот на Карвина од Чешка да ги одигра како гост во 2. коло од Купот на ЕХФ. На тој начин му се дава предност на противникот и му се потврдува улогата на фаворит на оваа пресметка.

300x250

Средбите од 2. рунда од Купот на ЕХФ се играат во октомври, а веќе е познато дека овие два дуели меѓу Карвина и Пролет ќе бидат одиграни на 13 и 14 октомври.

Првиот натпревар е закажан за 18 часот, додека реваншот кој е ден подоцна ќе биде одигран во 10:30 часот. Овие дуели ќе бидат одиграни во салата „Старс“ во Ново Место.

Ова ќе биде тешка мисија за Пролет за да успее да стигне до резултат со кој ќе може да се пласира понатаму, но иако тимот ќе биде гост вреди да се обиде.