Постигна магичен погодок, па го споредија со Ивано Балиќ (ВИДЕО)

На полуфиналниот натпревар од шпанскиот “Копа Дел Реј” помеѓу Ла Риоха и Адемар Леон, ракометарот на Ла Раиоха-Хуан Кастро Алварез, постигна магичен погодок со кој ги воодушеви присутните во арената во Мадрид како и коментаторите на тој натпревар. Помеѓу нив беше и поранешниот шпански репрезентативец и довчерашен ракометар на Ла Риоха- Алберт Рокас, кој воодушевен од погодокот на Алварез го спореди со еден од најдобрите ракометари на сите времиња-Ивано Балиќ.

Погодокот на Хуан Кастро Алварез и коментарот на Алберт Рокас погледнете ги на видеото подоле.