После 3. коло на СП: Неколку селекции веќе си обезбедија елиминации

Комплетирањето на 3. коло остави само три селекции со максимален број на бодови во четирите групи, а тие веќе си го имаат обезбедено местото во осминафиналето. Место има за уште неколку селекции, но останува тоа да биде довршено утре и задутре кога ќе се играат средбите од 4. коло.

Денешните победи на Романија, Норвешка и Русија покажаа дека овие две селекции одат сигурно, а на истиот пат се и Германија и Србија кои со ремито исто така го потрдија пласманот во елиминациите.

Веќе од утре почнува и кроењето на планот за до крајот на шампионатот, а сосема извесно е дека фаворитите ги запоседнуваат најдобрите позиции кои ќе водат веројатно и до полуфиналето после кое ќе биде сè можно.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А

СЛОВЕНИЈА – АНГОЛА 32:25 (15:15)

ФРАНЦИЈА – ПАРАГВАЈ               35:13 (14:10)

РОМАНИЈА – ШПАНИЈА              19:17 (9:7)

ТАБЕЛА: 1. Романија 6 бода (79:62); 2. Франција 4 (84:56); 3. Шпанија 4 (77:58); 4. Словенија 4 (84:79); 5. Ангола 0 (68:86), 6. Парагвај 0 (45:96).

ГРУПА Б

УНГАРИЈА – АРГЕНТИНА             33:15 (18:7)

ШВЕДСКА – ЧЕШКА       36:32 (16:18)

НОРВЕШКА – ПОЛСКА  35:20 (18:11)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 6 (101:63), 2. Чешка 4 (89:83); 3. Шведска 4 (91:87); 4. Унгарија 2 (77:70); 5. Полска 2 (78:94); 6. Аргентина 0 (58:97).

ГРУПА Ц

ЦРНА ГОРА – ЈАПОНИЈА             28:29 (15:12)

РУСИЈА – БРАЗИЛ          24:16 (14:7)

ДАНСКА – ТУНИС            37:19 (15:6)

ТАБЕЛА: 1. Русија 6 (88:56); 2. Данска 4 (93:68); 3. Бразил 3 (67:74); 4. Јапонија 3 (75:88), 5. Црна Гора 2 (83:81), 6. Тунис 0 (57:96).

ГРУПА Д

Ј. КОРЕЈА – КИНА            31:19 (18:10)

ХОЛАНДИЈА – КАМЕРУН            29:22 (14:8)

ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА  22:22 (9:11)

ТАБЕЛА: 1. Србија 5 (99:66), 2. Германија 5 (73:55); 3. Холандија 4 (91:61), 4. Ј. Кореја 4 (73:64); 5. Камерун 0 (58:91), 6. Кина 0 (57:114).