После отказот на Горење, тимови од БиХ и Црна Гора чекаат влез во СЕХА

Откажувањето на Горење од настапите во СЕХА-лигата отвори простор за нов тим во натпреварувањето, а голема е веројатноста дека тоа нема да биде екипа од Словенија. Со оглед на тоа што тимовите мораат и во домашното првенство нема доволно простор за да се игра и на квалитетните средби во СЕХА.

Своја шанса чекаат тимовите од БиХ и од Црна Гора. Извиѓач и Ловќен се надеваат дека раководството на СЕХА ќе одлучи во новата сезона бројот на екипите да биде 12 и тие да бидат поделени на две групи од по шест тима.

Сепак, останува и можноста СЕХА-лигата и во новата сезона да има десет екипи, со тоа што би имало две нови имиња во однос на составот од минатата сезона. Тука би биле Веспрем и Железничар, а би ги немало Горење и Динамо Панчево. Другите осум екипи би биле истите.

Додека нема официјална информација околу ова прашање останува и надежта за Извиѓач и Ловќен дека ќе добијат можност сезонава да бидат дел од натпреварувањето, а се очекува во многу брзо време да падне и дефинитивната одлука околу изгледот на СЕХА во новата сезона.