После Лосерт и Алиловиќ, овој Хрват треба да блесне на голот на Адемар Леон (ФОТО)

Шпански Адемар Леон ја продолжува традицијата на голот  да има хрватски интернационалец. Ако погледнеме наназад изборот на шпанскиот тим во двата случаи е одличен, бидејќи и Лосерт и Алиловиќ кои го бранеа голот на овој клуб, направија извонредни ракометни кариери.

300x250

Дино Славиќ (26) е голманот кој ќе застане на голот на Адемар Леон, и ќе биде третиот хрват на голот не некогашниот шпански гигант. Славниќ е актуелен ракометар на Умаг, тим кој се натпреварува во хрватската лига.

Во Леон заминува по препорака на Лосерт  каде задоволува на пробниот период. Сепак, поминало одредено време, па Славиќ престанал да верува дека ќе добие ангажман. Иако малку покасно, договорот за потпис со славниот Адемар се случи, а на Славниќ останува да ја оправда довербата и да се обиде да ги достигне успесите на своите сонародници во дресот на Адемар Леон.

Хрватот кој  е висок 1.85 а тежок 85 килограми  пристигнува во Шпанија како замена за српскиот интернационалец Цупара кој од следната сезона ќе ги брани боите на полскиот шампион Келце.