Последни три минути во Охрид: Промашен пенал, па зицер, а потоа гол за реми (ВИДЕО)

Пролет освои бод на дуелот против Охрид, но може да жали поради тоа што не се врати од ова гостување со трите поени.

Гостите од Скопје имаа предност во финишот и напад за победа, но не успеаја да реализираат така што финишот на овој дуел имаше речиси идентичен тек како оној во саботата во Битола. Разликата беше во тоа што во Битола бод спасија гостите, додека тука домашните.

Како изгледаа последните минути од средбата и што се случи во нив погледнете во видеото во продолжение. Имаше промашен пенал, промашен зицер и потоа егзекуција во последната секунда од средбата.