Последните четири шампиони во иста група во Лигата на шампионите

Ждрепката за Лигата на шампионите во машка конкуренција донесе интересни групи, а за Македонија секако вниманието е концентрирано на групите А и Ц.

Во групата А, каде што е Вардар се најдоа дури четири екипи кои ја освојуваа титулата во последните четири години. Покрај актуелниот првак Монпелје и минатогодишниот шампион Вардар, тука се и освојувачите на Лигата на шампионите во 2015 и 2016 година.

Пред две години во Келн славеше екипата на Келце, која успеа да го надигра Веспрем, а во 2015 година до трофејот стигна Барселона исто така во финале против Веспрем. Тогаш за екипата на Барселона настапуваше и Кире Лазаров.