Последен ден од групната фаза на СП: Црна Гора и Бразил во директен дуел за осминафинале

Денеска во Германија се играат вкупно 12 натпревари со кои ќе биде означен крај на групната фаза на Мундијалот.

Остануваат уште малку непознати во однос на тоа кои екипи ќе продолжат понатаму, а двојките ќе се знаат дури доцна вечерва откако ќе се комплетираат сите натпревари од 5. коло.

Според ситуацијата во групата А има сигурно место за Романија, Словенија, Франција и Шпанија. Во групата Б, Норвешка и Шведска се сигурни и денеска решаваат за првото место, а со оглед на тоа што Полска има порази од Чешка и Унгарија и со четири бода нема шанси за пласман во следната рунда што значи дека и тука е јасно кои селекции одат понатаму, но до последен момент нема да биде познат конечниот епилог.

Најинтересно ќе биде во групата Ц каде што Црна Гора и Бразил во директен дуел ќе решаваат за опстанокот во елиминациите. Победникот оди во следната фаза, а реми и одговора на селекцијата на Црна Гора. Има само еден начин за пласман на двете селекции, а тоа е Јапонија да киксне против Тунис што тешко дека ќе се случи со оглед на разликата во квалитетот.

Во групата Д е јасно веќе сè бидејќи понатаму одат Германија, Србија, Кореја и Холандија.

ДЕНЕСКА НА СП

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

ГРУПА А

АНГОЛА – ПАРАГВАЈ     14ч

ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА            18ч

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА             20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Романија 8 бода (106:86); 2. Словенија 6 (112:101); 3. Франција 5 (109:81); 4. Шпанија 5 (102:83); 5. Ангола 0 (92:113), 6. Парагвај 0 (67:124).

ГРУПА Б

АРГЕНТИНА – ПОЛСКА 14ч

ЧЕШКА – УНГАРИЈА       18ч

НОРВЕШКА – ШВЕДСКА              20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 (135:79), 2. Шведска 6 (129:111); 3. Унгарија 4 (108:98); 4. Чешка 4 (105:117); 5. Полска 2 (106:125); 6. Аргентина 0 (82:135).

ГРУПА Ц

ЈАПОНИЈА – ТУНИС       12ч

БРАЗИЛ – ЦРНА ГОРА  17:45ч

ДАНСКА – РУСИЈА          20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Русија 8 (117:84); 2. Данска 6 (115:104); 3. Црна Гора 4 (112:104), 4. Бразил 3 (87:96); 5. Јапонија 3 (103:117), 6. Тунис 0 (80:125).

ГРУПА Д

КИНА – КАМЕРУН           14ч

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА        18ч

СРБИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА            20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Германија 7 (97:64); 2. Србија 6 (126:93); 3. Ј. Кореја 6 (106:85); 4. Холандија 5 (118:88), 5. Камерун 0 (79:124), 6. Кина 0 (66:128).