Порто се засилува пред Охрид, купи словенечки лев бек

Португалскиот вицешампион Порто, кој е противник на Охрид во второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ, се засили пред меѓусебниот двомеч, што е на програмата на средината на следниот месец.

Левиот бек Александар Шпенде од словенечкиот тим Марибор е најновата аквизиција на Порто, со што ќе биде вториот играч од Балканот, кој ќе игра во овој тим. Таму веќе игра Хрватот Никола Шпелиќ, а лани член беше Марко Матиќ. Тренер на Порто е искусниот Ларс Валтер, кој беше на клупите на Висла Плоцк, Баја Маре и Кадетен Шафхаузен.