Портнер за 24Ракомет ТВ: Вардар секогаш е кандидат за титула! (ВИДЕО)

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) над Монпелје ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осминафиналето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или Загреб.

Сезонава Вардар двапати го победи актуелниот европски првак Монпелје, и му се реваншираше за поразот на последниот Ф4 турнир во Келн. Голманот на францускиот тим, Никола Портнер, беше полн со комплименти за Вардар.

„Вардар секоја година е кандидат за завршниот турнир и титулата. Јас им ја посакувам цела среќа и да ја освојат титулата“, вели Портнер.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….