Поранешниот македонски репрезентативец го засилува Пролет

Поранешниот македонски репрезентативец, Мите Стоилов до крајот на сезоната ќе настапува за екипата на Пролет. Стоилов на почетокот на оваа сезона го имаше своето враќење во македонскиот ракомет потпишувајки за Работнички, откако претходно настапуваше за екипата на Одорхеи од Романија. Сепак во редовите не црвено-белите успеа да се задржи само половина сезона, а Пролет ја искористи можноста да го доведе искусниот ракометар во своите редови.
Стоилов во својата кариера има настапувано за екипите на Младост, Загреб, Металург, Вардар, Одорхеи и Работнички.