Поранешна ракометна ѕвезда на чело на ЖРК Будуќност

Поранешната црногорска репрезентативка и ракометарка на Будуќност, Радмила Петровиќ е нов претседател на црногорскиот шампион Будуќност.

Петровиќ на оваа позиција доаѓа на местото на Предраг Бошковиќ кој поради политички ангажман се повлекува од претседателската функција.

“Пресреќна сум. Преставува голема чест но истовремено и притисок да се води клубот на начин како што тоа го правеше Предраг Бошковиќ. Ќе дадам се од себе да продолжиме по победничките патеки”.

Петровиќ освои два пати се искачи на европскиот трон со Будуќност, а на репрезентативен план европско и олимписко злато.