Поранешна ракометарка на Кометал ќе ги води Русинките на младинското ЕП

Денеска во унгарскиот град Ѓер започна Европското првенство за ракометарки до 19 години, а покрај домаќинот, еден од главните фаворити за подиумот е Русија.

Предводник на Русија ќе биде Татјана Березњак, некогашна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, во моментите кога овој тим го правеше походот кон европските височини.

Таа работи во Ростов Дон, како помошник тренер на Амброш Мартин, а одамна има титула заслужен тренер во Русија. Заедно со Љубов Сидоричева ќе ги водат младинките на ЕП.

Пред три сезони се врати во Скопје по долг период, како дел од стручниот штаб на рускиот првак, кога беше организиран турнир од страна на ЖРК Вардар.