Поранешна вардарка на пауза од ракометот, ќе стане мајка

Поранешната ракометарка на Вардар, Сања Дамњановиќ во идниот период ќе паузира од ракометот и ќе мора да му се посвети на семејството, бидејќи ќе стане мајка.

Таа по заминувањето од македонскиот шампион, замина во Унгарија, во Шиофок, но практично нејзиниот престој таму траеше помалку од една сезона.

Српската репрезентативка беше една од главните ракометарки во тимот покрај езерото Балатон, но сега унгарскиот тим ќе мора да побара нова солуција за испразнетото место.

Дамњановиќ е во врска со поранешниот ракометар на Вардар и на Металур, Стеван Вујовиќ.