Поранешен тренер на Вардар ќе им предава на тренерите на јужниот сосед

Актуелниот селектор на Црна Гора и поранешен тренер на Вардар, како и поранешен селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ в сабота ќе држи обука за тренерите во Грција. Тој е поканет на семинар во Панелиниос така што ќе има можност да го пренесе своето знаење на помладите тренери.

300x250

Предавањето на Ѓукиќ ќе се состои од два дела. Првиот дел кој ќе трае од 11 до 13 часот ќе биде практичен, додека потоа ќе има и еден час теоретско предавање.

Се работи за искусен тренер, кој има титула магистер од страна на Европската ракометна федерација. Во својата кариера покрај на клупата на Вардар и на репрезентацијата на Македонија има седено и на клупата на Црвена Звезда, Напредак (Србија), Мадеира (Португалија), Пик Сегед (Унгарија), Макаби (Израел), Одорхеи (Романија)… а беше селектор и на Велика Британија и на Израел.

Во моментов работи како селектор на Црна Гора и со оваа селекција го чека голем предизвик бидејќи ќе треба да се соочи со репрезентацијата на Хрватска во баражот за Светското првенство во 2019 година.