Поранешен ракометар на Металург ќе игра во норвешката Втора Лига

Некогашниот десен бек на Металург, Боштјан Каваш потпиша договор со норвешкиот второлигаш Санднес и ќе ги брани боите на оваа екипа во следните година и пол. 38-годишниот Каваш се уште не размислува за крај на кариерата, иако е во поодминати години.

Каваш беше дел од тимот од Автокоманда во сезоната 2009/2010 кога македонскиот тим играше во Купот на победниците на Куповите и беше елиминиран во осминафиналето од француски Трембле.

Тој е поранешен репрезентативец на Словенија, а кариерата ја започна во Горење Велење, потоа играше за Мура и Превент, а најдобрите денови ги имаше по заминувањето од Скопје кога се пресели во Висла Плок, каде играше пет сезони, пред да отиде во Норвешка и да го облече дресот на Сторд.