Поранешен ракометар на Вардар и Металург отвори винарија (ФОТО)

Поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Младен Ракчевиќ оваа сезона не е активен ракометар. Иако се поврзуваше со камбек во Македонија, сепак немаше ништо од тие шпекулации.

За него интерес постоеше од Металург, имаше преговори, но на крајот не беше постигнат договор. Во игра беше и тимот на Струга, но тука остана само на почетните разговори.

Ракчевиќ се врати во Црна Гора, откако претходно четири сезони го носеше дресот на романска Констанца и отвори сопствен бизнис.

Станува збор за производство на вино, а винаријата која се вика „Ракчевиќ“, се наоѓа во малото место Смоковци близу Цетиње во Црна Гора.