Поранешен македонски репрезентативец ќе игра за Турција?!

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Јован Талевски, кој е член  на екипата на Јозгат Бозокспор, би можел наскоро да го облече дресот на Турција, барем според пишувањата на тамошните медиуми.

„Ја сакам Турција и се чувствувам многу добро тука. Среќен сум во Јозгат, имам многу пријатели и почнав да учам турски. Ќе го давам максимумот за дресот со националниот грб. Се надевам дека со Турција ќе играм на некое големо натпреварување.“ – вели Талевски за турските медиуми.

Турција настапува од 1994 година во квалификации или претквалификации за големите натпреварувања, но никогаш не обезбедила пласман на ЕП или СП. Во претквалификациите за ЕП 2020 година, заедно со Естонија обезбедија играње во главните квалификации и сега ги чекаат противниците.

Талевски веќе втора сезона игра во турскиот шампионат и прикажува одлични партии во дресот на Јозгат, што веројатно е причина за понудата од федерацијата. Во првата сезона на интернационална сцена беше во ТОП 20 стрелци во турскиот шампионат, а и годинава е еден од главните играчи на Јозгат.