Поранешен легендарен хрватски репрезентативец започнува тренерска кариера

Поранешниот хрватски репрезентативец – Давор Доминиковиќ ќе се проба во тренерските води како  прв тренер на ракометниот клуб Сесвете.

Некогашиот столб на одбраната на “каубоите”  и носител на златниот медал од СП и ОИ, ќе застане на чело на Сесвете, откако изминатава сезона беше помошник тренер на Владо Шола во екипата на Дубрава.

Екипата на Сесвете минатата недела и официјално обезбеди опстанок во Премиер Лигата во Хрватска , а на негово чело Доминиковиќ ќе го има своето деби како прв тренер на една екипа.

Давор Доминиковиќ имаше фантастична ракометна кариера која започна во 1995  а траеше до 2016 година.Хрватот настапуваше во дури 11 различни клубови меѓу кои и гигантите Бадел 1862 Загреб, Кил,Барселона, Портланд Сан Антонио, ПСЖ и Хамбург. Во репрезентацијата на Хрватска беше движечка одбранбена сила, а во дресот на “каубоите” забележа 174 настапи во кои постигна 205 голови.