Пораз број шест во СЕХА: Металург немоќен и на гостувањето кај Целје

Ракометарите на Целје без проблми успеаја да ги освојат бодовите на дуелот против Металург од СЕХА-лигата, па „металурзите“ немаа позитивна генералка пред мечот со Вардар в сабота во СЦ „Јане Сандански“.

Целје беше во предност уште од стартот на натпреварот. Поведе со 4:0 и ова беше доволно да може да се продолжи смирено во средбата и да нема никакви проблеми постојано да се диктира темпото. Металург успеа да намали и во 16. минута да стигне до гол негатива (8:7), но тоа беше сè бидејќи во продолжението од средбата, Целје одново зголеми за на одмор да замине со предност од 15:12.

Почетокот на второто полувреме мина во знакот на Металург. Првите пет минути беа добиени со 4:1 за израмнување на 16:16, но тука тргна добриот период на тимот од Словенија, кој почна да ја зголемува предноста и постојано да биде во позитива.

Сите обиди на „металурзите“ да се вратат одново во средбата беа залудни бидејќи Целје имаше одлична поддршка од голманот Лесјак, па тоа беше клучот во зголемувањето на предноста која на крајот изнесуваше дури девет гола за конечни 34:25.

Јагањац и Пешевски имаа одличен ден во нападот, додека на оваа средба на голот беше само Мартин Томовски. Кај домашните Кордин со десет гола беше далеку пред другите.

ЦЕЛЈЕ – МЕТАЛУРГ        34:25 (15:12)

ЦЕЛЈЕ: Лесјак 1/1 (19 одб.), Пањтар (2 одб.), Вујовиќ 0/3, Јуречиќ 2/2, Малус 1/1, Разгор 3/5, Сухолежник, Маргуч 4/6, Грошељ 6/7, Кодрин 10/11, Макуц 1/1, Аниќ 1/2, Душебаев 1/2, Мацковшек 2/3, Млакар 1/2, Бечири 1/1.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: –

МЕТАЛУРГ: Томовски (8 одб.), Арсиќ, Петров 4/4, Јагањац 8/13, Токиќ 2/2, Танкоски 1/4, Серафимов 1/5, Кузмановски 2/5, Анѓелиќ 0/5, Велковски 0/1, Пешевски 7/8, Гуглета, Димитриевски 0/2, Лазаревски 0/3.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.