Попов ново засилување, прилепчани на подготовки во Дојран (ФОТО)

Тимот на Прилеп полека го составува играчкиот мозаик со кој ќе брка камбек во елитното друштво претстојната сезона.

Прилепчани го загубија суперлигашкиот статус лани, но годинава веќе се засилија со четворица ракометари, а петтиот нов играч е искусниот Бобан Попов, кој по настапите за Текстилец и Металург Јуниор, како и интернационалните искуства во Португалија и Германија, се враќа во Македонија.

По стартот на тренинзите во Прилеп, избраниците на Андријано Котевски веќе се на подготовките во Дојран.