Поповски за 24Ракомет ТВ: Не беше лесно како што изгледаше (ВИДЕО)

Македонија стартуваше победнички на Мундијалот во Германија и Данска, откако славеше над Јапонија со убедливи 38-29 во првото коло. Десното крило Мартин Поповски имаше одлично издание во вториот дел и во одбрана и во напад, но смета дека не било така лесно против „самураите“ како што покажува резултатот.

„Можеби резултатски беше лесен натпревар, но на терен не беше така. Имаше многу трчање, се изморивме, но сметам дека ова е одлично отворање на едно Светско првенство за нас. Ова треба веќе да го заборавиме и да мислиме на Бахреин“, вели Поповски.

Целосната изјава на Поповски може да ја погледнете во видеото подолу.

Во второто коло на Мундијалот, Македонија ќе се сретне со уште еден азиски противник, Бахреин, а мечот се игра в недела со почеток во 14:00 часот.