Поповски: Да ја затвориме сезоната од СЕХА лигата во голем стил

Вардарци ја затвораат сезоната од Сеха-лигата на домашен терен против хрватски Нексе. Натпреварот ќе се одигра во вторник со почеток од 17:45 во СЦ “ Јане Сандански“.

300x250

Ракометарот на  Вардар, Мартин Поповски во пресрет на дуелот со Нексе во рамки на СЕХА лигата очекува со победа да ја затворат сезоната од ова натпреварување.

“Малку сме изморени од последните две гостувања во Србија, но тоа мора да го пребродиме. Имаме голем мотив за да завршиме без пораз на крајот од групната фаза што е секако голем успех за нас во оваа СЕХА-лига. После дуелот против Нексе ни претстои мал одмор, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон завршниот турнир од СЕХА во Скопје. Примарна цел ни е да ја одбраниме титулата на Ф4 турнирот на кој сме домаќини“, изјави десното крило на „црвено-црните“, Мартин Поповски.

Вардарци во пресрет на последното коло се наоѓаат суверено на првата позиција од Сеха лигата со биланс од шеснаесет победи и само едно реми.