Полјаците “напалени” го пречекуваат ПСЖ (ВИДЕО)

Ракометарите на полскиот шампион Киелце ќе ја имаат можеби најтешката задача да обезбедат пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Ракометарите на Талант Душебаев во четвртфиналниот дуел мора да поминат преку актуелниот вицепрвак на Лигата на шампионите, ѕвездениот состав на ПСЖ.
Полјаците се свесни дека на првиот четвртфинален дуел на кој се домаќини ќе мора да дадат и повеќе од својот максимум доколку сакаат да ги одржат шансите за пласман на Ф4 турнирот.
Навивачите се еден од најважните фактори за остварување на поволен резултат, а Киелце како клуб отсекогаш знаел како да ги анимира своите фанови во текот на целата сезона, а посебно пред најважните ракометни битки.
Таков е случајот и пред првиот четвртфинален дуел против ПСЖ, каде преку мотивациско видео во кое се евоцираат спомени од освоената титула во 2016 година, се повикуваат навивачите и ракометарите да го дададт максимумот во една од најважните ракометни битки оваа сезона.

300x250

Уште една лекција по маркетинг и тоа како треба да се работи на секое поле пред најважните натпреавари во сезоната.

Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Киелце и ПСЖ се игра денеска со почеток од 18:30 часот.