Полуфинална битка на Светското првенство во Унгарија

Денеска ќе станат познати селекциите кои ќе се борат за трофејот на Светското првенство за ракометарки до 20 години. Девојките кои во минатите две недели се бореа за да стигнат до полуфиналето вечерва ги имаат пресметките, а таму во првиот двобој се среќаваат Русија и Норвешка.

Овие две репрезентации играат од 17:30 часот, а според игрите Русинките се фаворитки за победата. Тие покажаа повеќе и се очекува да ја потврдат улогата и на теренот.

На вториот дуел ќе биде уште посилно бидејќи домаќинот Унгарија ќе ги одмери силите со Јужна Кореја, која успеа да го елиминира составот на Данска. Ова беше елиминација на актуелниот првак, па сега Унгарките ќе мора да се погрижат да не се случи исто и со домашната селекција.

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

17:30ч

РУСИЈА – НОРВЕШКА

20:00ч

УНГАРИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА