Полна агенда за официјалните лица: Македонци ќе бидат главни на пет меча од ЕП и ЕХФ шампионатот

Во полн ек се Европското првенство и ЕХФ шампионатот во младинска женска конкуренција кои се одржуваат во Унгарија и Бугарија. Како што е веќе познато, по една судиска двојка и по еден делегат се македонски претставници на овие две првенства.

Во текот на денешниот ден на ЕХФ шампионатот во Бугарија, Данило Божиновски и Виктор Начевски се делегирани на средбата меѓу домаќинот и Велика Британија, додека Камер Металари ќе биде делегат на натпреварот меѓу Србија и Грција.

Во Унгарија на ЕП, Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани да делат правда на натпреварот меѓу домаќинот и Шпанија, додека Драган Начевски ќе биде делегат на натпреварите меѓу Русија и Франција и меѓу Словачка и Словенија.