Познат составот на Македонија: Митревски ќе го менува Даскаловски (ФОТО)

Селекторот Раул Гонзалес се реши за две измени во македонската репрезентација за решавачкиот дуел со Чешка за пласман на Европското Првенство во Хрватска. На местото на десниот бек Мартин Велковски, можеби помалку изненадувачки во ростерот ќе го имаме Ацо Јоновски, кој ќе се обиде да помогне во отсуство на Велко Маркоски.

Втората измена е на голманската позиција. На местото на голманот на Темишвар, Златко Даскаловски ќе биде новиот голман на Констанца, Никола Митревски. Мечот против Чешка започнува во 20:45 часот, а се игра во „ВИП Арена“.