Познат распоредот за Супер глоуб: Монпелје и Барса се среќаваат во полуфинале

Турнирот на претставниците на континентите кој се одржува секоја година во Доха, годинава ќе биде од 16 до 19 октомври. На него ќе го нема Вардар, но затоа има три екипи од Европа кои се фаворити за освојување на круната.

Веќе е познато кој против кого ќе игра во четврт-финалето и каков ќе биде патот кон финалето. Тимовите на Барселона и Монпелје ќе се соочат во полуфиналето доколку ги добијат првите средби на кои се фаворити, додека Фуксе Берлин се чини дека има отворен пат кон финалниот меч.

Средбите од четврт-финалето ќе бидат одиграни на 16 октомври, следниот ден ќе се играат полуфиналните дуели, а финалето и средбите за пласман се на 19 октомври,

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (16 ОКТОМВРИ)

(1)БАРСЕЛОНА (Шпанија) – АЛ НАЈМА (Бахреин)

(2)МОНПЕЛЈЕ (Франција) – ХАМАМЕТ (Тунис)

(3)ТАУБАТЕ (Бразил) – ФУКСЕ БЕРЛИН (Германија)

(4)АЛ САД (Катар) – СИДНЕЈ (Австралија)

ПЕТОК, 17 ОКТОМВРИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Победник од меч 1 – Победник од меч 2

Победник од меч 3 – Победник од меч 4

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

Поразен од меч 1 – Поразен од меч 2

Поразен од меч 3 – Поразен од меч 4

НЕДЕЛА, 19 ОКТОМВРИ

Натпревар за 7. место

Натпревар за 5. место

Натпревар за 3. место

Финале