Познат распоредот за осминафиналето: Македонија и против Португалија во ударниот термин

Со вчерашното формирање на двојките за елиминациите стана познато и кој натпревар во колку часот ќе се игра на Мундијалот.

Според новите саатници средбите ќе почнуваат на два часа и 15 минути за разлика од досегашниот старт на точно два часа. Македонија ќе игра против Португалија во последниот термин кој е од 20:45 часот. Како и досега средбите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Инаку, ќе има по четири осминафинални дуели во двете сали. Во првите два термини наутро ќе се одиграат натпревари од Президент купот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ОСМИНАФИНАЛЕ (СРЕДА, 14 АВГУСТ)

14:00ч

АРГЕНТИНА – ГЕРМАНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ЕГИПЕТ – СЛОВЕНИЈА (СЦ „Јане Сандански“)

16:15ч

ИСЛАНД – ЈАПОНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ХРВАТСКА – УНГАРИЈА (СЦ „Јане Сандански“)

18:30ч

ДАНСКА – ТУНИС (СЦ „Борис Трајковски“)

ФРАНЦИЈА – НОРВЕШКА (СЦ „Јане Сандански“)

20:45ч

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА (СЦ „Јане Сандански“)

ПРЕЗИДЕНТ КУП

09:30ч

ЧИЛЕ – КАНАДА (СЦ „Јане Сандански“)

НИГЕРИЈА – БРАЗИЛ (СЦ „Борис Трајковски“)

11:45ч

САУДИСКА АРАБИЈА – ТАЈВАН (СЦ „Јане Сандански“)

БАХРЕИН – СРБИЈА (СЦ „Борис Трајковски“)