Познат и Бундес-составот за ЕП: Прокоп со одлична голманска четворка

Актуелниот Европски првак, Германија на шампионатот во Хрватска во јануари ќе биде противник на Македонија во 3. коло,а селекторот Кристијан Прокоп веќе ги соопшти имињата на 28-те ракометари на кои ќе смета на Европското првенство.

Нема големи изненадувања, освен враќањето на голманот Јоханес Битер кој би требало да ја зголеми и онака силната конкуренција за голот. На сите позиции се добро покриени, а можеби дел од играчите делуваат непознати со оглед на тоа што најголемиот дел не играат во топ 5 клубовите од Бундес-лигата.

Сепак, се работи за квалитетна селекција која е меѓу фаворитите за медал на Европскиот шампионат.

Македонија и Германија својот меч ќе го одиграат на 17 јануари во 18:10 часот.

ПОШИРОК СОСТАВ ЗА ЕП ВО ХРВАТСКА

ГОЛМАНИ: Силвио Хајнефетер (Фуксе Берлин), Андреас Волф (Кил), Јоханес Битер (Штутгарт), Карстен Лихтлајн (Гумерзбах).

ЛЕВИ КРИЛА: Уве Гензајмер (ПСЖ), Руне Дамке (Кил), Марсел Шилер (Гепинген).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Фин Лемке, Јулиус Кун (Мелзунген), Максимилијан Јанке (Лајпциг), Паул Друкс (Фуксе Берлин), Маријан Михалчик (Минден).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Никлас Пиечковски, Филип Вебер (Лајпциг), Штефен Фет (Фуксе Берлин), Тим Кнојле (Гепинген).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Каи Хефнер (Хановер), Фабијан Виде (Фуксе Берлин), Штефен Вајнхолд (Кил), Франц Земпер (Лајпциг).

ДЕСНИ КРИЛА: Патрик Грецки (Рајн Некар), Тобијас Рајхман (Мелзунген), Тим Хорнке (Лемго).

ПИВОТИ: Јаник Колбахер (Вецлар), Патрик Винцек (Кил), Хендрик Пекелер (Рајн Некар), Бастијан Рошек (Лајпциг), Ерик Шмит (Фуксе Берлин).

Фото: sport1.de