Познат германски клуб го менува името следната сезона

Легендарниот германски ракометен клуб Лемго, од наредната сезона ќе настапува со ново име. На сегашното име Лемго ќе биде додадена наставката “Lippe”, која ја означува целокупната област на Северна Вестфалија од која доаѓа овој ракометен клуб.

300x250

“Додавката на нашето име беше логичен потег, не само да ја зголемиме идентификацијата на регионот “Lippe” туку со своите предности да го направиме уште повеќе препознатлив на национално ниво”-изјави Главниот извршен директор на Лемго-Улрих Калтенборн.

Објаснување на вметнувањето на регионалната класификација даде и Претседателот на советодавниот одбор на клубот-Херберт Вогел:

“Многу од нашите навивачи и спонзори не се само од Лемго, туку од целиот наш регион. На овој начин се надеваме дека ќе успееме да привлечеме уште регионални спознори и партнери на нашиот клуб”- заврши Вогел.