Познати четирите екипи во ЛШ кои ќе разигруваат за осминафинале

Завршувањето на натпреварите во Лигата на шампионите за тимовите коишто играа во групите Ц и Д значеше дека веќе се познати двете двојки за разигрување и пласман во осминафиналето.

Со оглед на тоа што како првопласирани во групите завршија Монпелје од Франција и Скјерн од Данска јасно е дека тие ги добиваат ривалите од спротивната група, а тоа се тимовите кои завршија на 2. место.

Според тоа Французите ќе имаат предизвик од Шпанија, додека Данците ќе гостуваат прво во Украина. Првите дуели се во периодот од 21 до 25 февруари, а една недела подоцна ќе бидат реваншите.

ДВОЈКИ ЗА РАЗИГРУВАЊЕ

АДЕМАР ЛЕОН (Шпа) – МОНПЕЛЈЕ (Фра)

МОТОР З. (Укр) – СКЈЕРН (Дан)