Познати фаци го бодреа Вардар на трибините во “Јане Сандански” (ФОТО)

Ракометарите на Вардар се освојувачи на СЕХА Гаспром Лигата за сезоната 2017/2018. “Црвено-црните” го совладаа хрватскиот шампион Загреб и стигнаа до својата четвртта титула во СЕХА натпреварувањето. Финалниот натпревар беше вистинска атракција како на теренот така и на трибините каде навивачите направија феноменална атмосфера носејќи го Вардар до шампионскиот пехар.

300x250

Поддршка за Вардар вечерва дадоа голем број на познати личности меѓу кои македонскиот репрезентативец и член на Металург, Филип Кузмановски кој беше во друштво на двајцата ракометари на Еурофарм, Чаневски и Мемиќ.

Актуелниот тренер на Металург, Александар Јовиќ исто така не ја испушти можноста да ја проследи завршницата на СЕХА Гаспром лигата..

Покрај нив на трибините на “Јане Сандански” се најдоа и луѓе од врвот на ракометната федерација на Македонија на чело со претседателот Живко Мукаетов..

Ракометната мецена, главниот спонзор на екипата на Пролет 62, и сопственикот на Тинекс маркетите,Владимир Тодоровиќ исто така ја даде својата поддршка за црвено-црните..

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерносвски традиционално е посетител на спортските терени..

Убаво е кога успесите на една македонска спортска екипа обединуваат личности од повеќе сфери во Македонија. Така треба и да остане.