Познати учесниците на турнирот во Добој, меѓу нив e и вицешампионот на Македонија

Традиционалниот турнир во Добој наречен „ТВ турнир на шампионите“ годинава го има своето 51. Издание, а на истиот после неколку години пауза ќе има и тим од Македонија. Овој пат на турнирот ќе биде тимот на Еурофарм Работник, а ова ќе биде одлична контрола.

Иако нема тимови од Бундес лигата и од Шпанија, сепак, доаѓаат доволно квалитетни екипи за да се има добра контрола. Тука се три екипи кои играат и во СЕХА. Шампионите на Србија, на Словачка и на БиХ,  Војводина. Татран Прешов и Извиѓач.

Има екипа од Кина, Пекинг Спорт Универзитет, а тука се и Шарт од Франција и Криен од Швајцарија, додека списокот на учесници го затвора домаќинот Слога Добој.

Турнирот годинава ќе се одржи од 20 до 24 август и ќе биде одлична можност за проверка на силите на сите екипи пред стартот на сезоната.

ТВ ТУРНИР НА ШАМПИОНИ – УЧЕСНИЦИ

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (Македонија)

ПЕКИНГ СПОРТ УНИВЕРЗИТЕТ (Кина)

ИЗВИЃАЧ (БиХ)

ШАРТ (Франција)

СЛОГА ДОБОЈ (БиХ)

ТАТРАН ПРЕШОВ (Словачка)

ВОЈВОДИНА (Србија)

КРИЕН (Швајцарија)