Познати термините и саатниците на четвртфиналните дуели во ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќите ги соопшти термините и саатниците за четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионките.

300x250

Како што е веќе познато противник на вардарки во четвртфиналето е дански Митјиланд. Првиот натпревар ќе се одигра на 6 април (петок) во Данска со почеток од 19:00 часот. Билетот за фајнл фор турнирот во Будимпешта “црвени-црните” ќе треба да го визираат на реваншот во Скопје кој е закажан за 14 април (сабота) со почеток од 17:00 часот.

Во останатите дуели се среќаваат:

Будуќност-Ѓер
ЧСМ Букурешт-Мец
ФТЦ-Ростов