Познати термините за дуелите со Фленсбург: Вардарци во четврток ќе бркаат Ф4

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите четвртфиналисти на Лигата на шампионите и ТВ куќите кои вршат пренос ги објави термините и саатниците за натпреварите од Топ 8 фазата.

Првиот меч меѓу Вардар и Фленсбург се игра на 22 април (сабота) во Фленс Арена во 17:30 часот. Реваншот е во Скопје на 27 април (четврток) со почеток во 19:00 часот, а победникот од овој двомеч ќе игра на Ф4 турнирот во Келн.

Вардар претходно во регуларниот дел го освои првото место во групата Б и ја скокна осминафиналната фаза.