Познати термините за дуелите на Вардар: Старт со Мец, финиш со Будуќност

Во времето кога се одржува Светското првенство за ракометарки во Германија, Европската ракометна федерација во консултација со екипите, ги одреди термините за натпреварите од главната фаза на Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Вардар за противници ги има екипите на Мец, Битигхајм и Будуќност и ќе стартува од првата позиција во новата група. Натпреварите ќе се играат од крајот на јануари до средината на март, кога ќе бидат познати учесниците во четвртфиналето.

Вардарки најпрво ќе стартуваат од домашен терен со дуел против незгодниот Мец, а завршуваат на гости кај Будуќност во Подгорица, каде ги очекува големиот ривал. Домашните мечеви „црвено-црните“ дами ќе ги играат во стандардниот термин, 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, освен дуелот со Битигхајм кој ќе започне од 19:00 часот.

1 коло, 27.01.2018
Вардар – Мец, 17:30 часот

2 коло, 04.02.2018
Битигхајм – Вардар, 17:00 часот

3 коло, 10.02.2018
Вардар – Будуќност, 17:30 часот

4 коло, 25.02.2018
Мец – Вардар, 15:00 часот

5 коло, 02.03.2018
Вардар – Битигхајм, 19:00 часот

6 коло, 10.03.2018
Будуќност – Вардар, 19:30 часот