ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Три младинки со сениорско деби за Македонија (ФОТО)

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Данска и Норвешка.

Симе Симовски направи рез во списокот на кој нема неколку искусни интернационалки, а на нивно место има ракометарки од кадетската и младинската репрезентација.

На денешната средба со Шведска, во сениорска конкуренција ќе дебитираат Ивана Џатевска, Ангела Јанкуловска и Јована Кипријановска.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, а се игра во гратчето Никопинг.