ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм без Маркоски, но со Велковски по првите бодови во ЛШ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе го одиграат третиот натпревар од Лигата на шампионите против шпанскиот вицепрвак Бидасоа Ирун.

Откако на претходните натпревари против Спортинг Лисабон и Савехоф, избраниците на Стевче Алушовски останаа покуси за еден погодок, сега ќе се обидат конечно да стигнат до првите бодови против непоразената Бидасоа.

Стратегот на македонскиот тим направи една принудна измена во тимот, па на местото на повредениот Никола Маркоски, во Шпанија отпатува десниот бек Мартин Велковски.

Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Работник започнува во невообичаен термин за македонски прилики, 12:10 часот.