ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Една измена во ростерот на Македонија за дуелот со Чешка (ФОТО)

По убедливиот пораз од Шведска на стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство во Данска и Норвешка во 2020 година, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе игра против Чешка на домашен терен.

Чехинките ја совладаа убедливо Португалија на првиот натпревар и се чини дека тие се директен конкурент на избраничките на Симе Симовски за второто место. Ако победи Македонија останува во игра за ЕП, ако не, може уште сега да се збогуваме со можноста за ЕП.

Симовски направи една измена во ростерот во споредба со дуелот против Шведска. На местото на левиот бек која на тренинзите уште пред првиот натпревар се жалеше на болки во мускулот, Леонида Гичевска, влезе средниот бек на Металург, Јана Калајџиевска. Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра денеска во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот.