ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Горбок, но со Стоилов на мегдан со Веспрем (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска ги чека тежок предизвик во Лигата на шампионите. Европскиот првак гостува кај унгарскиот гигант Веспрем, кој посакува одмазда за поразот во финалето на ЛШ.

Македонскиот тим ќе биде со нов тренер на клупата, Едуард Кокшаров, а од играчкиот кадар ќе недостигна левиот бек Сергеј Горбок.

Капитенот Стојанче Стоилов е во составот, но не се знае дали ќе добие шанса за настап. Натпреварот почнува во 17:30 часот.