Познати службените лица за историското полуфинале на Вардар

Македонскиот првак Вардар својот прв натпревар во рамките на Фајнл Фор турнирот во Келн ќе го одигра на трети јуни со почеток од 18 часот. „Црвено-црните“ во петок пред започнување на финалниот викенд ќе бидат дел од активностите предвидени од ЕХФ, а кои вклучуваат дружба со новинарите, потпишување на дресови и предмети, како и активности со кои ќе се испочитуваат сите спонзори на настанот. Веќе традиционално сите екипи учеснички ќе бидат сместени во хотелот Радисон Блу кој се наоѓа во непосредна близина на „Ленксес“ Арената. Во првиот историски настап на македонскиот првак во Келн правдата ќе ја делат Хорачек и Новотни, додека на записничката маса како делегати ќе седат италијанецот Треспиди и полјакот Баум.

Сабота, 03.06.2017 со почеток 18:00 – Полуфинале 2

РК  Вардар (МКД) vs ФЦ Барселона (ШПА)
Судии: Вачлав Хорачек и Јиржи Новотни (ЧЕШ)
Делегати: Марко Треспиди (Италија) и Мирослав Баум (Полска)

One Response

  1. Македонски судии на Фајнл Фор во Келн, финалето за Германците | 24 РАКОМЕТ

    […] […]