Познати ракометарките на Чешка кои ќе гостуваат во Скопје

Македонија ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2020 во женска конкуренција против репрезентациите на Швeдска и Чешка на 26 и 28 септември. Селекторот Симе Симовски веќе ги објави имињата на девојките на кои смета за тие натпревари.

Претходно се изјасни и колегата од Шведска, а покрај нив и селекторот на репрезентацијата на Чешка, Јан Башни го објави списокот на ракометарки со кои ќе настапи во овој циклус квалификации така што се знае со кои ракометарки ќе гостува во Скопје на 28 септември.

На списокот се најдоа 18 ракометарки. Најголемиот дел се интернационалки кои играат ширум Европа, а има и неколку од домашното првенство.

СОСТАВ НА ЧЕШКА: Луси Сатрапова (Париз-92), Петра Кудлачкова (Кристијанштад), Сабрина Новотна (Баник), Петра Адамкова и Михааела Грбкова (Гепинген), Алена Штелнерова и Хана Квашова (Сокол Писек), Маркета Грурјекова (Заглембе), Маркета Ержабкова (Ерд), Камила Кордовска (Блумберг), Ивета Корешова (Турингер), Шарка Мартикова (Херенберг), Вероника Мала (Париз-92), Јана Кнедликова (Ѓер), Доминка Захова и Јана Шусткова (Баник), Кристина Мика (Трустенхајм).

Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка се игра на 28. септември од 18 часот во Скопје.