Познати можните ривали и патот кон финалето на Супер Глоуб за Вардар

Новото издание на Супер Глоуб турнирот кое годинава се одржува во Дамам во Саудиска Арабија ќе биде со десет екипи, а Вардар како освојувач на Лигата на шампионите ќе биде еден од трите тимови од Европа кои ќе играат на ова натпреварување.

„Црвено-црните“ се директно пласирани во четврт-финалето, а засега не го знаат противникот бидејќи ќе мора да почекаат да бидат одиграни два меча од осминафиналето. Победникот од средбата меѓу Ал Мудар од Саудиска Арабија и Њујорк сити од САД ќе биде противникот на вардарци во четврт-финалниот меч.

Јасно е и каков ќе биде патот до финалето, а на него ќе ја нема Барселона туку тимот на Кил. „Зебрите“ кои на турнирот дојдоа со вајлд-карта ќе играат прво во осминафиналето против Сиднеј, а потоа ќе ги очекува меч со Замалек од Египет. Победникот од овој дуел ќе се соочи со Вардар во полуфиналето.

Финалниот меч е предвиден за 31 август, а почетокот е закажан за 16:30 часот.

СУПЕР ГЛОУБ 2019

РАСПОРЕД ЗА НАТПРЕВАРИТЕ

27 АВГУСТ (ОСМИНАФИНАЛЕ)

16:30ч

СИДНЕЈ – КИЛ

19:00ч

АЛ МУДАР – ЊУЈОРК СИТИ

28 АВГУСТ (ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ)

11:30ч

ВАРДАР – АЛ МУДАР/ЊУЈОРК СИТИ (МЕЧ 1)

14:00ч

ЗАМАЛЕК – СИДНЕЈ/КИЛ (МЕЧ 2)

16:30ч

АЛ ВЕДА – ТАУБАТЕ (МЕЧ 3)

19:00ч

БАРСЕЛОНА – АЛ ДУХАИЛ (МЕЧ 4)

29 АВГУСТ (ПОЛУФИНАЛЕ)

16:30ч

ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2

19:00ч

ПОБЕДНИК 3 – ПОБЕДНИК 4

31 АВГУСТ

14:00ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

16:30ч

ФИНАЛЕ