Познати кадетските селекции од Европа кои ќе ја видат Македонија

Следното лето вкупно 11 репрезентации од Европа ќе дојдат во Македонија и ќе бидат дел од Светското првенство кое ќе се одржи во Скопје.

Според пласманот на последното Европско првенство место си обезбедија селекциите на: Шведска, Исланд, Данска, Хрватска, Шпанија, Германија, Франција, Србија, Словенија, Унгарија и Норвешка. Овие репрезентации беа пласирани од 1. до 11. место на првенството кое се одржа во Хрватска, па ќе добијат убава можност за да играат на ова натпреварување.

Македонија како домаќин е 12. селекција која ќе земе учество што значи дека од Европа ќе бидат пола од учесниците. Наскоро ќе се комплетира списокот на учесници, па ќе биде познато кои земји ќе дојдат во Скопје и ќе играат на Мундијалот кој ќе биде најава за некои нови момци кои ќе бидат на сцената во следните неколку години.