Познати износите на ваучерите што ќе ги добијат сите клубови! (ФОТО)

Поделбата на ваучерите од страна на Агенцијата на Млади и Спорт е веќе завршена, а врз основа на критериумите кои беа направени клубовите добија солидна сума така што добиваат финансиска поддршка.

Сосема очекувано најголемиот ваучер оди кај европскиот првак, кој е и шампион на Македонија, Вардар. „Црвено-црните“ добиваат повеќе од 14 милиони денари, додека освојувачот на Купот на Македонија, Металург, пак, добива ваучер од повеќе од 12 милиони денари.

И други тимови кои се дел од Супер лигата добиваат големи ваучери. Еурофарм Работник, кој го постигна најголемиот успех со освојувањето на второ место ќе добие ваучер од околу 12 милиони денари. Пролет, пак, има околу девет милиони денари, додека Прилеп би требало да добие околу седум милиони денари.

Ваучери има и за другите тимови, но кај нив сумите се помали. Од женските клубови ваучери нема за Вардар, Спартак и ЦЕМС.